Илинденска затворена во недела

Од:

Во недела од 7 до 15 часот поради изведување градежни активности целосно ќе биде прекинат сообраќајот на булеварот „Илинден“, на потегот од крстосница со улица „Бледски Договор“ до крстосница со улица „Љубљанска“.

Сообраќајот, информираат од Град Скопје, ќе биде пренасочен преку булевар „Партизански одреди“ и апелираат возачите да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

– Автобусите кои го опслужуваат јавниот градски превоз на претходно посочената делница, ќе бидат пренасочени по булевар „Партизански одреди“, соопшти Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче