ИЈЗ: Регистрирани 202 заболени од грип

Од:

Изминатата недела заклучно со 15 април во државава се регистрирани 202 заболени од грип, што е за 28,6 отсто намалување во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 283 заболени, се наведува во извештајот што на својата веб страница го обајви Институтот за јавно здравје.

Во текот на изминатата недела, не се регистрирани смртни случаи асоцирани со грип. Бројот на пријавени лица изминатата недела е поголем за 47,4 отсто споредено со истиот период минатата сезона.

Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 17 материјали за тестирање на грип, од кои два (11,8 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип A (H3).

Изминатата недела најголем број заболени лица (141) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 13,8 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години. Пријавени се заболени лица од 18 извештајни единици. Најголем број заболени лица се пријавени од подрачјето на Подрачната единица Гостивар (39), а највисока инциденца од 38,4 на 100.000 е регистрирана на територијата на Подрачната единица Неготино.

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 21.142, а регистрирани се 28 смртни случаи асоцирани со грип, на возраст од пет до 86 години.

Би можело да ве интересира

Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

А1он

Андоновска: Доколку продолжи растот на грипот, второто полугодие може да се одложи

ИЈЗ: Само во „Димо Хаџи Димов“ се најдени патогени бактерии

Горан Наумовски

Андоновска: Се прават дополнителни анализи кои не се поврзани со храната и водата од О.У. „Димо Хаџи Димов“

ИЈЗ: Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево

А1он

Андоновска: Кај двајца мажи од Скопје се потврдени со мајмунски сипаници

Горан Наумовски