А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ИЈЗ: Над двесте случаи на заболени од грип

by А1он08/01/2019 - 10:28215
Share0

Двесте и два случаја на заболени од грип се регистрирани до пред десетина дена во Република Македонија, се наведува во извештајот што на својата веб-страница го објави Институтот за јавно здравје. Новиот извештај за заболени од грип на Институтот се очекува во наредните денови.

Добивај вести на вибер

Најголем број заболени се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 14,5 на 100.000 жители е регистрирана кај лицата на возраст над 65 години. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Подрачната единица Гостивар и во центрите за јавно здравје во Тетово и во Куманово.

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 1.218. Споредено со истиот период минатата сезона кога биле регистрирани 1.082 случаи, постои зголемување на вкупниот број пријавени случаи за 12,6 отсто.

Од почетокот на сезоната 2018/2019, во лабораторијата на Институтот пристигнати се 45 хумани материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти од редовниот и од сентинел надзорот, од кои два (4,4 отсто) се позитивни на присуство на вирусот на инфлуенца, еден Influenza A/H3 и еден Influenza A несубтипизиран.

gripijz

Би можело да ве интересира

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

Горан Наумовски20/01/2026 - 13:51

Д-р Мицевска: Околу 20 деца со грип хоспитализирани на Детската клиника

Горан Наумовски20/01/2026 - 13:01

Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Горан Наумовски14/01/2026 - 21:3014/01/2026 - 21:31

Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

А1он08/01/2026 - 15:3008/01/2026 - 15:32

Андоновска: Доколку продолжи растот на грипот, второто полугодие може да се одложи

Горан Наумовски08/01/2026 - 13:13

ИЈЗ: Само во „Димо Хаџи Димов“ се најдени патогени бактерии

Горан Наумовски01/12/2025 - 18:1001/12/2025 - 18:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен