ИФЕС: Невозможна детална проверка на Избирачкиот список до 5 јуни

Од:

Деталната проверка на сите проблеми во избирачкиот список е невозможна до 5 јуни се вели во извештајот на набљудувачот на ИФЕС, Џон Арон кој пред шест дена го доставил до ДИК. Во документот стои дека се потребни дополнителни проверки, кои според законските одредби, не можат да се извршат навреме, пренесува Алсат М.

„…Барањата до МВР за проверка на информациите кои веќе ги имаме и кои беа користени при вкрстената проверка, нема да донесат информации и не обезбедија уверување за веродостојноста на податоците кои се проверуваат. Според сознанијата, МВР може детално и конечно да ги провери сите идентификувани проблеми, но на законскиот процес за ова ќе му треба време и тоа не може да се направи до изборите на 5 јуни“, пишува во документот.

Во извештајот стои дека од вкупно 87.000 сомнителни имиња кои биле предмет на теренска проверка, потребни се дополнителни контроли за околу 40 илјади случаи, во кои проверуваните лица не биле дома во моментот на контролата и за нив одговорило трето лице.

 

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“