Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство

Од:

Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена состојба за да се вратат, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на прес-конференција.

Во МНРНТ денеска ќе се одржи координативен состанок за следни чекори и мерки за соодветна организација за очекуваното враќање на сите оздравени пациенти или за продолжување на нивното лекување во земјава.

-Најавите што ги имаме се дека во тек на следната недела ќе почнат да се враќаат првите пациенти, тие најави ги добиваме во директна комуникација каде што се сместени и кои ќе бидат во доволно добра здравствена состојба за да може да се враќаат назад, рече Муцунски на прес-конференцијата.

Информираше дека вкупно 116 пациенти со повреди во пожарот на концертот во Кочани се лекуваат во странски болници во 14 европски држави. Трошоците за нивното лекување се покриени од државите домаќини, а патувањето и сместувањето на нивните најблиски и трошоци за целата логистика за нивниот престој во странство е на нашата Влада.

Муцунски, кој на прес-конференцијата истакна дека сите „поминуваме исклучително тежок период и силен психолошки притисок“ им се заблагодари на сите земји кои ги примиле повредените и за нивната солидарност, како и на пожртвуваноста на нашите медицински екипи на кои рече е многу горд.

Соопшти дека од 116-те хоспитализирани во странство, 38 се пратени на лекување преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој Владата го активирала веднаш по несреќата, а останатите се пратени преку директна билатерална помош.

Во најкус можен рок и по највисоки медицински стандарди, како што рече, биле транспортирани во болниците во странство, благодарение на организираноста и комуникацијата на Кризниот штаб во МНРНТ и дипломатско-конзуларните претставништва во земјите каде што се лекуваат.

Најголем број од хоспитализираните во странство, 31, се во болници во Србија, 15 во Бугарија, по 12 во Турција и Грација, седум во Шпанија, по шест пациенти се на лекување во Австрија и Унгарија, пет во Хрватска, по четири пациенти во Белгија, Литванија, Италија, Шведска и Словенија и двајца пациенти во Полска.

Чешка и Израел испратиле медицински тимови додека Романија, Луксембург, Норвешка и Финска, обезбедиле логистичка поддршка за транспорт на повредените.

Муцунски рече дека утре ќе замине во Будимпешта да ги посети повредените што се во тамошните болници, а овие денови ги посетил болниците во Солун, Софија, Белград, Загреб, Виена и Љубљана. Се сретнал со семејствата и со медицинскиот персонал кои детално го информирале за состојбата на повредените, како и со министрите за надворешни работи и за здравство на тие земји на кои им се заблагодарил за помошта.

Соопшти дека нашите ДКП-а се во 24 часовна комуникација со семејствата во земјите каде се згрижени нивните најблиски, дека им се покриени сите потребни трошоци. Посочи и дека дежурните телефони на МНРНТ и СОЗР остануваат отворени за сите прашања и потреби.

Би можело да ве интересира

„Вие го запаливте пламенот спремете се за оган“ – марш во Штип за трагедијата во Кочани

За 24 осомничени за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор

По 2500 евра итна првична помош за секој настрадан во несреќата во Кочани

ВИДЕО: Граѓаните на Кочани организираа собир во Паркот на Револуцијата

Катерина Ѓуровски

Клековски: Се намалува бројот на критични пациенти, но нема опуштање зашто почнува ризикот од инфекции

Шестмина повредени, двајца во Љубљана и четворица во Белград се во многу критична состојба

Катерина Ѓуровски