Идентификувани пет лица кои учествуваа во упадот на изложбата на уметникот Андреевски во Солун

Од:

Полицајците од Одделот за борба со расистичкото насилство на грчката полиција во Солун идентификувале пет лица кои пред две седмици упаднаа на изложбата на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски во општинската галерија во Каламариа, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од полицијата, идентификувани се четворица грчки државјани на возраст од 19, 20, 23 и 24 години и една девојка, странска државјанка на возраст од 22 години.

Против сите е покренат предмет за недозволено насилство, кривично дело со расистички карактеристики и за поттикнување на извршување кривични дела, дела на насилство или раздор против лице врз основа на национално потекло.

-Поконкретно, горенаведените сторители заедно со уште осум непознати соучесници, дејствувајќи како група со обединети сили, ментална поврзаност и националистички мотиви и со скриени лични карактеристики, упаднаа со закачување печатен материјал и повикувајќи го уметникот да ја прекине изложбата, соопштија од грчката полиција.

Воедно, додаваат дека истрагата продолжува за идентификација на останатите инволвирани лица.

На 26 април, група членови на Златна зора, која со судска одлука е криминална организација, со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, упаднаа во галеријата на солунската Општина Каламариа каде што во тек беше изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски.

Би можело да ве интересира

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда