Идентификувани напаѓачите кои извршија разбојништво врз двајца Јапонци

Од:

Полицијата ги идентификуваше напаѓачите кои завчера извршија разбојништво врз двајца јапонски државјани на локалниот пат од село Катланово кон село Брезница. Двајца од напаѓачите веќе се приведени.

– Се работи за тројца малолетници од Велес на возраст од 15 до 17 години, кои истиот ден во Гостивар одзеле патничко возило „Форд мондео“ со гостиварски регистарски таблички, што го употребиле неколку часови подоцна во извршувањето на разбојништвото, соопшти МВР.

СВР Скопје по целосно документирање на случајот против лицата ќе поднесе соодветни кривични пријави.

Напаѓачите, како што претходно информираше МВР, откако ги пресретнале јапонските државјани кои со велосипеди се движеле на локалниот пат од село Катланово кон село Брезница, физички ги нападнале и им одзеле 3.000 евра, патни исправи, кредитни картички и еден мобилен телефон „Ајфон“. Им нанеле и тешки телесни повреди.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он