Ибраимоски: Јас сум Тито за Ромите во Македонија, сите да дадеме поддршка за Јакимовски и „Храбро за Македонија“

Од:

Лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимоски денеска од Карпош порача сите Роми и сите граѓани на Република Македонија да дадат поддршка за Стевчо Јакимовски и коалицијата „Храбро за Македонија“.

Зошто треба да гласаат сите граѓани на Македонија за Стевчо? Успешен министер за економија, успешен министер за труд и социјала, успешен градоначалник во четири мандати на Карпош. Што треба друго да кажам? Е сега ако се навратиме за другите противкандидати што да кажеме. Едната не знае кој ѝ е противкандидат, наместо Пендаровски вика Црвенковски.

Затоа имаме политичар кој знае политика, затоа да заокружите број три. Вака некој специјален говор немам напишано, меѓутоа нема потреба да напишеш нешто што го знаеш на памет.

Проблемот со извршителите во Македонија, имаме 200.000 народ, граѓани, пензионери, социјални случаи заробени во должничкото ропство. Успеавме од 2011 да го изгласата аконот во Собранието, го изгласаа, го потпиша Пендаровски, законот не се спроведува.

Оваа коалиција знае како најниската пензија да биде 25.000 денари за едно пензионерско семејство, истакна Ибраимоски кој нагласи дека оваа коалиција знае како без да чепне во пензискиот фонд да го подобри животот на пензионерите/

– Гледам на телевизија, се кандидарал Таравари за претседател, но не видов македонско знаме, како може да бидеш ти кандидат за претседател? – праша Ибраимоски.

Тој истакна дека коалицијата „Храбро за Македонија„ има формула како да се зголеми минималната плата, како да се зголеми животниот стандард на граѓаните и сите да живеат подобро.

Ибраимоски ја спомна и новата ромска партија во Македонија, за која вели дека порано била невладина организација која е соросова замисла како да се поништи Ибраимоски во изборната единица пет и порача.

– Јас сум Тито за Ромите во Македонија и тоа Ромите го знаат, што направил Самка, а што тие треба да направат! – нагласи Ибраимоски.

Би можело да ве интересира

Фрлена експлозивна направа во партиски клуб на ПЦЕР во Тетово

А1он

Кривична пријава за Самка Ибраимовски за заканите кон претседателот на Уставен суд

Катерина Ѓуровски

Самка Ибраимовски негира дека се заканувал на судии: Само прашал „што ако настанат убиства“

Андоновска: Се залагаме за развој на земјоделието и на конзервната и преработувачката индустрија

Ристовски: Ромите заслужуваат да живеат квалитетно во Шуто Оризари, да имаат квалитетно здравство и образование

Јакимовски: Нема да молчам никому и подготвен сум и глава да дадам за достоинството на Македонија