Ибраими: Ниту Ердоган нема да те спаси

Од:

Откако беше сослушан пратеникот од Партијата на Движење на Турците во Македонија Енес Ибраими за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година, претседателката на судечки совет судијката Добрила Кацарска даде половина час пауза, по што треба да почне сослушувањето на сведокот Петар Атанасов.

На прашања од обвинителката Вилма Рускоска, сведокот Ибраими кажа дека на 27 април 2017 година бил во Собранието на Република Македонија и присуствувал на прес-конференцијата.
– Бев во галеријата на прес-центарот и со останатите колеги протестот го следевме на мониторите. Насилниците брзо влегоа во Собранието и во прес-центарот, рече Ибраими.

Насилниците го маваа Павле Богоевски и прашуваа каде се Мухамед Зеќири и Фросина Ременски.

Еден од демонстрантите, како што рече Ибраими, му рекол дека сега нема ниту Ердоган да го спаси. Друг насилник пак го влечел за врат, по што паднал. Тогаш почнале да го удираат со клоци, но тоа траело кратко. Кога се обидел да излезе, некој почнал да вика „ете го Турчинот бега“.

– Не направив поголема паника. Јас им реков дека одам до тоалет и се враќам, рече Ибраими.

Објасни дека чантата не била со него и немал клуч од неговата канцеларија, па не можел да се скрие. Се засолнил во подрумските простории во Собранието, од каде полицијата заедно со другите ги однеле на третиот кат, од каде потоа биле евакуирани во касарната во Ѓорче Петров.

Ибраими рече дека не можел да ги види тие што го тепале и пцуеле на турски, но кога станал препознал еден од обвинетите, а тоа бил Мунир Пепиќ.

На прашање од адвокатот на обвинетиот Мунир Пепиќ, Еленко Миланов дали видел насилство од него, Ибраими кажа дека во моментот кога го видел Мунир Пепиќ не вршел насилно дејство. Додаде дека вечерта само еднаш го сретнал Мунир Пепиќ.

Ибраими рече дека потоа повеќе не го видел Пепиќ, бидејќи бил веќе засолнет во канцелариите.

Во Кривичниот суд денеска треба да сведочат и Петар Атанасов, Хари Локвенец и Катерина Кузмановска.

На минатото рочиште сведочеа поранешниот пратеник Никола Тодоров, пратеникот Весел Мемеди, премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски.
Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие пред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески