Ибрахими до Заев: Разочаран сум од дел од кадарот

Од:

Најголемиот дел од режимот денес падна, но се уште не е целосно паднат. Имам задоволство да ви честитам дека имате одличен избор, но разочаран сум од еден дел од кадарот, рече Зекирија Ибрахими од БЕСА обраќајќи се кон мандатарот Зоран Заев.

– Има разлика помеѓу реформа и рециклирање. Јас бев убеден дека причината зошто одбивате соработка со нас е редефинирање, но денес мислам дека се работи за првиот принцип, во владата да нема инкриминирани лица, рече Ибрахими.

Според него, Заев со поддршка на министрите од ДУИ покажува дека младите можат да прават криминал, а потоа да бидат министри. Тој обвини дека ДУИ е партија 10 години служела на ВМРО-ДПМНЕ и опструирала продолжување на мандатот на СЈО, а сега е дел од Владата.

– Сонував да гласам за овој владин кабинет, но не можам да бидам мазохист, не можам да одам против тоа што го ветив пред граѓаните, рече Ибрахими.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање