Ибрахим: Владата ја потврди дискриминацијата кон помалку бројните етнички заедници

Од:

Со денешното одбивање на предлогот за изменување и дополнување на предлог законот за изменување и дополнување на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија, Владата уште еднаш го потврди својот дискриминаторски став кон помалку бројните етнички заедници во Република Македонија, рече пратеникот на Партијата за движење на Турците (ТХП) во Македонија, Енес Ибрахим, кој го поднесе овој предлог до Собранието.

– Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор, за жал, не работи на транспарентен начин. Денеска овој договор во Македонија се имплементира од позиција на сила. Имено, погледнете во општините каде некои гордо ќе кажат дека Рамковниот договор е дел од нивниот живот. По 15 години од потпишувањето на Охридскиот rамковен dоговор, истиот воопшто не се спроведува на транспарентен и правичен начин, oдносно е претворен во инструмент за политички пазарења меѓу владеjачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со што го има изгубено своето значење и функционалност. Затоа со предлог измена на законот бараме надлежна за спроведување на Охридскиот rамковен договор за помалку бројните етнички заедници, да биде агенцијата за остварување на правата на заедниците – рече Ибрахим.

Тој порача дека притисоците и недемократските постапки нема да ги обесхрабрат.

– Напротив, Партијата за движење на Турците во Македонија и во иднина ќе продолжи одлучно и гласно да се бори за правична и демократска Македонија, каде и граѓаните од помалку бројните етнички заедници ќе бидат третирани според Уставот на РМ – додаде Ибрахим.

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска