Ибрахим: Образованието на турски јазик е наш императив

Од:

„За да се постигне континуиран развој на културно, социјално и економско поле на Турците од Македонија; пред се` образованието мора да се спроведе квалитетно и да се базира на научна методологија. А тоа е можно само преку нашите наставници.

Наставниците со огромна пожртвуваност, несебично и посветено учествуваат во развојот и созревањето на децата кои несомнено ја претставуваат нашата светла иднина. Затоа и заслужуваат секаква почит.

Турските наставници во сите региони од Македонија и покрај сите недостатоци и пречки служат со идеалистички дух, притоа претставувајќи едно насмеано лице се трудат да откриваат нови хоризонти за сите граѓани.

Нашата најголема желба и цел е да се елиминираат огромните финансиски проблеми, недостатокот на образовни ресурси, алатки и помагала, проблеми со кои наставниците секој ден се среќаваат.

Секој во својот домен треба да се залага за изнаоѓање на решенија на наставата на турски јазик. Образованието на турски наставен јазик треба да го издигнеме на самиот врв.

Нужно е личните амбиции да ги тргнеме на страна и заедно со сигурни чекори да зачекориме кон иднината.
Нашата желба и очекување е дека во иднина нема да се повторат погрешните политики и постапки од минатите години.
Со овие чувства и мисли го честитам Денот на Образованието на турски јазик“, се вели во соопштението на Енес Ибрахим, Претседател на Партијата за движење на Турците во Р. Македонија (ТХП).

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска