Ибрахим: Лажен извештај за програмата на Турски јазик на МТВ

Од:

По доставениот годишен извештај за работа на МРТВ за 2015 година до Собранието на Република Македонија, вчудовиден сум од креативноста и снаодливоста на редакцијата од програмата на Турски јазик. Но за жал станува збор за деструктивна креативност која е употребена за создавање и ширење на непостоечки содржини и лажни концепти, со цел да се оправда уште една неуспешна и неплодна година на истоимената програма, вели Енес Ибрахим, пратеник во Собранието на Република Македонија.

Имено, во извештајот се тврди дека програмата на Турски јазик се одвива успешно и со целосно сопствено производство. Како очекуваат да веруваме на вакви лаги кога денес оваа програма егзистира без камери, без репортажни возила, без млади едуцирани кадри?! Зарем е можно без овие елементарни услови да се креира сопствена програмска шема?

Турската програма е претворена во семеен медиум каде што владее силен непотизам. Доволно е да провериме кој раководи со Турската програма за да ја потврдиме оваа состојба. Поразителен факт е тоа што и покрај долгогодишното опстојување и искуство денес турската програма на МРТВ нема никаква оригинална продукција, односно тие константно емитуваат емисии, музички спотови, документарци, серии превземени директно од турските телевизии.

Јас иако сум еден од двајцата пратеници од турската етничка заедница, и по две години ниту еднаш не сум поканет на дневникот на турски јазик или некоја друга информативна емисија на турската програма на МРТВ!

Од една институција која до гуша се дави во непотизам не ни очекувам да има демократски и етички пристап и да посвети внимание на вистинските проблеми на граѓаните од турската етничка заедница, но некој мора да сноси одговорност за изнесените лажни извештаи.

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска