И зградата на општина Чаир прекриена со албанско знаме

Од:

Џиновско алабанско знаме од денеска е дел од фасадата на општинската зграда во Чаир, а до него, со исти димензии, е поставено и знаме со мотото на прославата на 100 годишнината од албанската независност и албанското знаме, јави „24 Вести“.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на општината, Изет Меџити, најави дека од вечерва албански знамиња ќе се вејат и на улиците на Чаир. Според него, во тоа нема ништо незаконско, а знамињата се со една цел.

Не се слави 100 годишнина од македонското, туку од албанското знаме, нормално е да има албански знамиња во чест на прославата – вели Меџити.

Градоначалникот на Чаир истакнува дека немало потреба да има одлука на Советот на општината за поставувањето на знамињата.

Од Државниот инспекторат за локална самоуправа велат ако нема одлука на општински совет, тогаш тие немале ингеренции, а според министерката Гордана Јанкуловска, самостојно да реагира нема ингеренции ниту полицијата.

Би можело да ве интересира

Не се разговара за промена на знамето, грбот или химната, велат од Владата по изјавата на Ахмети

Жарко Настоски

ВИДЕО: Британското знаме симнато од пред европските институции

Францускиот спајдермен закачи знаме на помирувањето во Хонгконг

А1он

Бошњаковски по изјавата на Османи: Законот за знамиња мора да се почитува, прекршувањето се санкционира

Ана Ололовска

Десетина сепаратисти упаднаа во владина зграда и го отстранија шпанското знаме

Не е само Талат, албанското знаме беше поставено во сите кабинети во изминативе години

Ана Ололовска