И вработените во градинките веројатно ќе добијат плата за деновите од штрајкот

Од:

Блиску сме до конечно решение, се надеваме дека наскоро, веројатно до крајот на оваа недела ќе го соопштиме крајниот исход соопштија денеска на заедничка прес-конференција, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

„Денеска разговаравме за повеќе предлог решенија од двете страни и дојдовме до приближување на ставовите“, рече министерката Тренчевска.

Таа најави дека преговорите ќе продолжат во текот на неделата.

„Продолжуваме со дијалогот се надевам дека до крајот на неделата, четврток – петок, ќе имаме конечено решение“, додаде министерката.

Неделков предупреди дека може да има последици доколку не се изнајде заедно прифатливо решение, но и тој потврди дека преговорите се движат во добар правец.

„Доколку не најдеме прифатливо решение ќе продолжиме со штрајот, но имаме надеж дека тоа нема да се случи. Имаме надеж дека ќе се исплатат платите на сите вработени во детските градинки кои учествуваа во штрајкот. Преговорите со МОН исто така привршуваат, со работните групи на двете министерства. Колективните договори ќе бидат потпишани во соодветна рамка, рече Неделков.

СОНК поладнево ги прдолжува и преговорите со МОН каде што крајниот рок е до петок и каде со олеснувач треба да биде потпишан споразум од сите инволвирани страни.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Катерина Ѓуровски