И во Кичево ќе се отстрануваат нелегалните тераси?

Од:

На прес-конференцијата во Кичево, МВР ги предупреди сопствениците на кафулињата и на рестораните да внимаваат со проширувањето на нивните тераси на тротоарите и на плоштадот во градот. Општина Кичево и секторот на МВР во овој град се договорија за ваква одлука, па сите оние што сакаат да користат дел од градската површина за приватен бизнис, треба да земаат дозвола од Општината.

Со оваа прес-конференција МВР ги предупреди сите граѓани дека казните за прекршоците во овој период ќе бидат големи.

„Ние сметавме дека е неопходна оваа прес-конференција за летната сезона да ја поминеме мирно и правилно. Казните за непочитување на законите ќе бидат многу големи и ние како полиција имамеобврска да ги имплементираме овие правила за да го запреме нарушувањето на мирот и правилата во Кичево“, рече Тони Крстевски, командант на секторот на МВР во Кичево.

Кафулињата и рестораните може да се бидат казнети од 1200 до 1800 евра ако бидат фатени дека им служат алкохол на лица под 18 години.

МВР предвидува казни и за угостителските објекти што продолжуваат со работа и по полноќ, поради што жителите на становите близу до локалите се жалаат од вревата што се создава од овие места.

Освен овие предупредувања, граѓаните се беа известени и за други казни за какво било прекршување и нарушување на јавниот мир.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски

Кичевец е осомничен за убиство

Горан Наумовски