И утре топло, температура до 25 степени

Од:

Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Како што информира УХМР, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност.

Во Скопје слично време, претпладне со појава на магла и значителна ниска облачност, а од пладне сончево со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во следните денови во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Во понеделник ќе се задржи стабилно и релативно топло време, а во вторник се очекува локална појава на слаб дожд и опаѓање на температурите.

Би можело да ве интересира

Облачно со повремени локални врнежи од дожд

А1он

Променливо облачно со повремен дожд, температурите до 19 степени

Облачно со температури до 19 степени

Облачно и ветровито со температури до 17 степени

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен