И Тошковски доби опомена за брзо возење – камера на „сејф сити“ го улови со 51 км на час

Од:

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, утрово доби смс-порака за сторен сообраќаен прекршок забележан од системот „сејф сити“, додека со своето приватно возило се движеше кон Кавадарци, каде денеска се одржува партискиот конгрес на ВМРО–ДПМНЕ.

Како што објави тој на Фејсбук, системот регистрираше движење со брзина што ја надмина дозволената за 1 километар на час.

– Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без оглед кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани. Управувањето со возило е обврска, не привилегија. Така се гради доверба, така се гради безбедност. Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку ред, дисциплина и спасување човечки животи. Со алармантниот број на жртви на патиштата што го имаме, мора да покажеме личен пример и одговорност. Оваа држава ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите, вклучувајќи не и нас кои сме најодговорни за нивното спроведување – напиша Тошковски во својата објава.

Би можело да ве интересира

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Тошковски: Приведени се пет лица за инцидентот во Чаир, 13-годишно дете се бори за живот

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

За шест месеци „Безбеден град“ евидентирал 310.865 прекршоци, 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки

Ставена во функција e апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

Горан Наумовски

Хаос на Табановце: Странци со часови чекаат да ги платат казните од „Safe City“

Горан Наумовски