И Тошковски доби опомена за брзо возење – камера на „сејф сити“ го улови со 51 км на час

Од:

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, утрово доби смс-порака за сторен сообраќаен прекршок забележан од системот „сејф сити“, додека со своето приватно возило се движеше кон Кавадарци, каде денеска се одржува партискиот конгрес на ВМРО–ДПМНЕ.

Како што објави тој на Фејсбук, системот регистрираше движење со брзина што ја надмина дозволената за 1 километар на час.

– Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без оглед кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани. Управувањето со возило е обврска, не привилегија. Така се гради доверба, така се гради безбедност. Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку ред, дисциплина и спасување човечки животи. Со алармантниот број на жртви на патиштата што го имаме, мора да покажеме личен пример и одговорност. Оваа држава ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите, вклучувајќи не и нас кои сме најодговорни за нивното спроведување – напиша Тошковски во својата објава.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

За една седмица констатирани 4490 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“

(ВИДЕО) Мицкоски и Тошковски за заплената на марихуана: Никој не е над законот

А1он