И Словенија ќе ни помага во справувањето со пожарите

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска утрово разговарала со својот словенечки колега, Матеј Тонин, при што го информирала за состојбата со пожарите и побарала помош.

Како што соопштија од МО, министерот Тонин порачал дека Словенија е подготвена да помогне со сите свои капацитети за гаснење на пожари.

– Во разговорот, министерката Шекеринска информираше за вклученоста на Армијата и поддршката која армиските сили ја даваат на државните институции во справување со огнените стихии и изрази благодарност за подготвеноста на нашиот НАТО сојузник, Словенија, да помогне во справувањето со оваа елементарна непогода, стои во соопштението од МО.

Министерот Тонин изразил жалење за состојбата и додал дека во неволја се познаваат вистинските пријатели.

– Можете да сметате на нас, порачал министерот Тонин.

Во соопштението од МО стои дека комуникацијата на ниво на институции за координација на словенечките капацитети за помош во справувањето со пожарите е во тек.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски