И Рустеми по Фетаи „крена раце“ пред Хајрулахи кој вели: Шпекулација е моето поврзување со ДУИ

Од:

Додека Советот на јавни обвинители да избере шеф на Вишото јавно обвинителство-Скопје, од тројца кандидати, остана само еден. Досегашниот шеф Мустафа Хајрулахи, сега нема конкуренција во трката бидејќи кандидатурата ја повлече и Бурим Рустеми. Ова доаѓа по две недели откако истото го направи и Фатиме Фетаи. Сега, Советот на обвинители може да одлучи само Хајрулахи да добие мандат или ако нема доволно гласови, да го повтори огласот.

„А1он“ исконтактира со единствениот кандидат обвинителот Мустафа Хајрулахи. Тој кажа дека не ги знае причините поради кои и Бурим Рустеми се повлекол од трката за шефовското место. Тој додаде дека Рустеми не наговестил вакво нешто. За шпекулациите и неговото поврзување со структури на ДУИ, рече дека станувало збор за неточни гласини.

„Тоа се гласини и шпекулации, не знам од каде такви шпекулации. На крајот од краиштата, Советот е самостојно тело и одлучува по свое убедување, по оценките, по резултатите. Јас веќе четири години изработувам извештаи, можете да ги прашате и шефовите на основните обвинителства како е пред мојот избор и по мојот избор. Немајќи други податоци, односно друга црна дамка, ме поврзуваат со предметот за Ејуп Алими и Исмет Гури (функционери на ДУИ). Јас кажав зошто се одлучуваше по тој предмет подолго отколку за другите. Тогаш, имав корона, а корона имаше и обвинителот кој одлучуваше. Не знам зошто толку ги извртуваат работите“, рече Хајрулахи за „А1он“.

Советот на јавни обвинители досега имаше два обиди да избере шеф на Вишото обвинителство-Скопје, како и вишото во Гостивар. Првиот пат не беа избрани со оправдување дека оценките стигнале доцна, па немало време да се разгледаат. Следниот пат, беа назначени вршители на должност, а Фетаи ја повлече кандидатурата.

Би можело да ве интересира

Фатиме Фетаи ќе се бори со двајца мажи за шефовската фотелја во скопското Вишо обвинителство

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Адвокатот на Груевски за уривањето на „Космос“: Треба да биде ослободен, не сторил ништо

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Рустеми бара затворски казни за уривањето на „Космос“, за Јанакиески рече дека не направил злоупотреба со тендерот

Кристијан Ландов

Побарано изземање на обвинителот Бурим Рустеми од „ТНТ“ поради сомнеж дека зел 850.000 евра преку Бојан Јовановски

Маја Илиевска-Пачемска

Обвинителот Бурим Рустеми повикан во ОЈО за „Рекет“

А1он