И пред 24. март битката за Центар е завршена

Од:

На изборите во Центар победува кандидатот за градоначланик од редовите на Сојузот за идинината, Андреј Жерновски и победа на листата на советници од опозицијата.

Ова се резултатите од последната анкета на агенцијата „Рејтинг„ направена од 7-9 март по телефон, врз репрезентативен примерок од полнолетното население во општината Центар, со која беа опфатени 800 избирачи.

anketa 01

Андреј Жерновски во првиот круг од изборите би освоил 37.3% од гласовите а Владимир Тодоровиќ 32.9%. За останатите два кандидати се изјасниле 0.8% од анкетираните. Како неопределени на ова прашање се изјасниле 17,2% од гласачите а нема да гласаат 9,7%.

За кој од следниве кандидати за градоначаланик на општина Центар, најверојатно би гласале?

Според анализите, неопределените би се распределиле во сегашниот сооднос меѓу кандидатите. Доколку резултатите се проектираат како реален изборен резултат, односно како оние кои би ги објавил ДИК, би го добиле следното.

anketa 02

Разликите на советничките листи се речиси идентични. Може да се очекува Коалицијата Сојуз за иднината да освои околу 5% повеќе гласови што би значело задржување на предноста во оваа општина од последните парламентарни избори.

Доколку неопределените гласачи кои во моментот се 27% се распределат по овој сооднос, опозицијата може да очекува победа со солидна предност и мнозинство во советот.

anketa 03

Прашање 2. За советничката листа на која од партиите односно коалициите, во општината Центар најверојатно би гласале? (*рејтинзите се пресметани само од оние кои рекле дека ќе гласаат)

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори