И полицаец меѓу 59 жртви во несреќата во Кочани, има 155 повредени

Од:

Педесет и девет лица загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Загина и еден полицаец од полициската станица во Пробиштип, кој бил во дискотеката по претходно изготвен план за присуство на малолетници во дискотеката.

– Овој полицаец требало да биде награден за најдобар полицаец за територијата Пробиштип. Загина при вршење на контрола за евентуално откривање дрога и малолетници – рече Тошковски.

Триесет и пет од загинатите лица се идентификувани, од нив 31 се од Кочани, а 4 од Штип.

Повредени се 155 лица кои се распоредени низ болниците во земјава.

Распишана е потерница по четворица.

Би можело да ве интересира

Обвинителство во судница презентираше видеа од настапот на ДНК и моментот кога избувна пожарот во „Пулс“

А1он

Тошковски: Никогаш нема да ја заборавиме жртвата на загинатите полицајци во Диво Насеље

Тошковски: Криминалот е на најниско ниво во последните 20 години

(ВИДЕО) Директорот на инспекторатот за земјоделие уапсен во гаражата на Трипуновски, Петровска го прозва Тошковски

Во станица се повикани 14 лица, меѓу кои и родителите на шестоодделенките кои малтретираа соученичка во Ѓорче

Тошковски најави нова мерка: Итна заштита за жртвите на семејно насилство