​И оваа година еднократна парична помош за секое прваче во Аеродром

Од:

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош од 3.500 денари за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината. Рокот за пријавување е од 15 јуни до 29 септември 2023 година.

Родителите на првачињата потребно е до архивата на Општината да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.

Образецот што треба да се пополни може да се најде на следниот линк: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он