И официјално Црвенковски се откажа од лидерските амбиции

Од:

И официјално Бранко Црвенковски не влегува во претседателската трка. На седница на Извршниот одбор, кој што се одржува непосредно пред почетокот на Конгресот, дознава А1он, Црвенковски на сопартијците им ја соопштил својата дефинитивна одлука.

Со тоа Црвенковски си остана на зборот, дека нема ниту да се кандидира, ниту да прифати доколку некој друг го кандидира.

Иницијативниот одбор собра 25 илјади потписи и нивниот претставник ќе има можност пред 705-те делегати да образложи зошто собираа потписи и зошто бараа досегашниот лидер да продолжи да ја води партијата и натаму.

Конгресот започнува во 12 часот, со отчет за 4-годишниот период, за парламентарните и локалните избори, а потоа тројцата кандидати Зоран Заев, Зоран Јовановски и Кире Наумов ќе ја образложат својата програма.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана