И минатата година имаше ист обид за убиство на Даниел Трајковски

Од:

46-годишниот Даниел Трајковски минатата година реагираше откако МВР не презеде ништо по неговата пријава за обид за убиство на ист начин како што тоа се случи синоќана „Партизански одреди“

Трајковски тврдеше дека се работи за пресметка со него, и нарачан атак врз неговиот живот на 28 април минатата година од луѓе блиски на власта.

Тој тогаш кажа дека со приватниот автомобил Голф 5 се движел во правец од хотел Александар Палас, кон Илинденска.

Забележал Фолсфаген Пасат со црна боја и затемнети стакла како во неговата лента му го пресекол патот и од автомобилот излегле две лица со маски на главата и со пиштоли почнале да пукаат кон него, по што слушнал два истрели од огнено оружје.

f133253ed308864db4d3a855aab206f55e3152713b6bf7dc87fb588c691c38dc

-Во тој момент се исплашив, додадов гас и удрив од десната страна на Пасатот и продолжив да се движи. Веднаш потоа го пријавив настанот во ПС Ѓорче Петров. Револтиран сум бидејќи досега нема ништо од истрагата. Во Полициската станица ми рекоа дека камерите не работеле. Мислам дека полицијата намерно не презема ништо за расветлување на настанот, бидејќи ќе се открие дека ова убиство сакаа да го сторат лица познати на властите“, кажа Трајковски минатата година.

Синоќа Трајковски повторно беше бркан од возило од кое беше пукано врз него и со четири куршуми, од кои една прострелна рана заврши на Клиничкиот центар во Скопје. Трајковски по оперативниот зафат според информации на А1он е контактибилен и во свесна состојба.

Би можело да ве интересира

Пукано во близнаците Трајковски, едниот погоден со четири куршуми

Предраг Петровиќ

Бркотница и престрелка по „Партизанска“

Предраг Петровиќ

Даниел Трајковски: Полицијата намерно не го расчистува обидот за убиство врз мене

Емир Латифовиќ