Бркотница и престрелка по „Партизанска“

Од:

По полноќ на Булеварот „Партизански одреди“ тешко е оштетено возило кое по ударот се превртило кај болницата „Букурешт“.

Возачот веднаш бил пренесен со Брза помош на Ургентен центар, а на местото пристигна полицијата која забранува пристап поради увид.

Според очевидци, имало бркотница со голема брзина по „Партизанска“ од правец на населбата Ѓорчен Петров, при што се пукало од друго возило кон возачот кој изгубил контрола и удрил во жардиниера.

Неофицијално, се работи за лице кое пред неколку месеци беше дел од тепачката во угостителски објект во населбата Аеродром.

Би можело да ве интересира

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци