И Македонците ќе бидат претставени во музејот на американските народи

Од:

Македонците се очекува да бидат меѓу стотината нации и етнички групи кои ќе бидат застапени во планираниот голем музеј на народите кои ја сочинуваат денешната американска нација. Иницијативата за изградба на овој нов музеј, во близината на зградата на Конгресот во центарот на Вашингтон, ја доби поддршката на конгресмените од двете најголеми партии.

Коалиција од 83 организации кои претставуваат разни американски етнички заедници, деновиве упатија писмо дo претседателот Барак Обама во кое бараат да се создаде комисија за основање на музејот. Меѓу потписниците е и Обединетата македонска дијаспора, и нејзиниот претседател Мето Колоски кој вели дека вклучувањето во оваа иницијатива значи дека и Македонците ќе бидат одбележани меѓу народите кои се доселиле во САД.

Предвидено е музејот да содржи артефакти и инсталации кои ќе ги преставуваат домородните американски племиња, првите доселеници главно од Англија и робовите од Африка, периодот на доселување на луѓе главно од европски држави во 19 и 20 век, и четвртата современа фаза на доселување на граѓани од целиот свет.

– Националниот музеј на американските народи ќе биде крстопат на секоја американска група и сведоштво за историјата на нашата нација. Темата на музејот се изразува преку нашето мото, E Pluribus Unim, од многумина, ние сме едно, пишува Сем Ешканази, директор на коалицијата, во писмото упатено до претседателот Обама.

Писмото до претседателот го потпишале претставници на организации на Полјаците, Корејците, Италијанците, Русите и многу други заедници од САД, а од нашиот регион, покрај здружението на Македонците, потписници се здруженија и на Бугарите, Албанците, Босанците, Грците и на Турците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во експлозија во Лос Анџелес

Горан Наумовски

Калас: Ако ЕУ плати за оружје за Украина, тоа ќе биде европска помош, а не од некој друг

Од удар на гром во САД: Загина маж, 13 повредени, четири деца се хоспитализирани

САД и Европа му дадоа рок на Иран за постигнување нуклеарен договор

ЕУ подготвува контра-царини за САД

(ВИДЕО) Повеќе лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Масачусетс