Лекарите специјалисти од поранешната градска болница, сега Универзитетска клиника „Св.Наум Охридски“ изразија солидарност со барањата на Самостојниот синдикат на Клинички Центар.
А1 го објавува интегрално дописот испратен до штрајкувачкиот одбор на Самостојниот синдикат на Клинички центри и други здравствени организации во Република Македонија.
Почитувани колеги,
Долу потпишаните лекари специјалисти од ЈЗУ Универзитетска Клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ се согласуваат во целост со вашите барања за зголемување на платите на лекарите, промена на моделот за плаќање по учинок и враќање на достоинството и почитта на лекарите во јавното здравство. Ви изразуваме јавна подршка во однос на штрајкот и во целост се солидаризираме со вас без оглед на тоа што не сме членови на вашиот синдикат.