И годинава Дебар извезува огревно дрво за Албанија

Од:

Дебарската подружница на ЈП„Македонски шуми“ и годинава извезува огревно дрво за Албанија, а во тек се разговори за извоз и за Грција.

– Врз основа на договорот, за Албанија до крајот на годинава треба да испорачаме 2.000 метри просторни. Не се отфрла можноста, поради задоволството од квалитетот на дрвата, кои ги извезуваме, побарувачката да биде и поголема. Лани таму извезовме 1.400 метри просторни. Во тек се разговори за извоз и за Грција, за каде лани извезовме над 200 метри просторни, вели директорот на подружницата Рами Љата.

Дрвото за Албанија се продава по цена од 36,7 евра за втора класа, додека 51 евро за прва класа.

Според него годишната сеча на оваа подружница изнесува 9,5 илјади метри просторни, дабово и буково дрво.

– Потребите на градот и селските населби од поширокото подрачје се задоволени. Секоја уплата е и реализирана. Исто така дрво сме продале и во соседните општини Струга и Гостивар, како и во Тетово. Останатите количини, кои ги имаме како вишок ги извезуваме, изјави Љата.

Извозот на огревното дрво го реализира фирмата „Вејзи 2“ од градот Либраж, сопственост на Љуан Вејзи по потекло од селото Требиште, Голо Брдо.

Според директорт Љата, во двата склада има залиха од околу 7.000 метри просторни букови дрва. Цената на метар просторен за прва класа бука е 2370 денари, а за втора класа 1860, додека за даб прва класа 2.500 денари за метар просторен.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски

Ветрот не дозволува да се стави под контрола пожарот кај Стар Дојран

Пожарот во Дојран брзо се шири, градоначалникот бара помош и вели веројатно е подметнат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во Дојран: зафатени три куќи, се евакура населението

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Поради пожарот на Богородица/Евзони, возилата се пренасочуваат на Дојран

Катерина Ѓуровски