И директорот на ЈСП Турс Василевски со оставка до Арсовска: Разочарувачки е што си посветена на кавги и пресметки наместо работа

Од:

„Како човек кој целиот свој живот го посветил на работа и кој има интегритет во работата, и како човек кој за исклучително кус период во работата на ЈСП Турс постигна исклучителни резултати со мојот тим сакам да кажам дека сум задоволен од тоа што го постигнавме со сопствени сили и ресурсите кои ги имавме на располагање“, пишува Филип Василевски на социјалните мрежи.

„За период од 6 месеци, успеавме неколкукратно да ги зголемиме приходите во делот на превоз и туризам, како и да обезбедиме линеарно зголемување на платите за сите вработени.

Но тоа не е доволно кога ЈСП Турс ја нема поддршката од Градот и нормалната комуникација со градоначалничката Данела Арсовска и со Генералниот директор Александар Стојковски. Морам да кажам дека разочарувачки е тоа што визијата која не обединуваше, проектите во кои веруваме и за која се обврзувавме пред скопјани не се исполнува и нема согласност од градот кој се повеќе е заглавен во кавги и пресметки и лични интереси затоа си давам оставка од директор на ЈСП Турс, од каде си заминувам со крената глава, задоволен од резултатите и со принципите во кои продолжувам да верувам“, вели директорот на ЈСП Турс Василевски.

Би можело да ве интересира

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он