И детската болница „Козле“ се става во функција за пациенти со Ковид-19

Од:

Во тек се последните подготовки за ставање во функција на детската болница Козле за прием на Ковид-19 позитивни пациенти, информираат од Министерството за здравство.

На располагање ќе бидат 60 места за болничко лекување на возрасни и 15 за деца сомнителни и заразени од Ковид-19.  Предвидено е во оваа болница да се носат пациенти со полесна и средна клиничка слика.

Болницата се доекипира со интернистички и инфектолошки тимови, лекари и сестри, кои ќе дојдат и од Инфективна клиника и од внатрешноста.

„Уште од почетокот на епидемијата во нашата земја болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле беше дедицирана за третман на сомнителни и заболени деца од Ковид 19. Во моментот во Болницата се сместени 3 дечиња сомнителни за Ковид-19, чии резултати од тестови се чекаат. Од утре Болницата ќе врши прием и на возрасни пациенти заболени од Ковид-19“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Освен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, болницата „8 Септември“ која функционира како Ковид центар, сомнителни и заболени пациенти од Ковид-19 се лекуваат и во болниците во Куманово, Тетово, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Охрид. Веќе од утре целосно се вклучува  детската болница Козле, а се подготвува и Ковид центар во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ ја доведоа во прашање работата на детската клиника „Козле“ после 40 години

Горан Наумовски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Пожар избувна во Козле зад Детската клиника за белодробни заболувања

Еден случај на голема кашлица во „Козле“, едно дете хоспитализирано со Ковид-19