И барал 300 евра за да не објави компромитирачки видеа и фотографии, скопјанец приведен за уцена

Од:

23-годишен скопјанец е приведен затоа што уценувал девојка барајќи и 300 евра за да не објави фотографии и видеа со компромитирачка содржина.

– На 25.06.2024 околу 14.30 часот полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје на територија на населба Ченто во Скопје го лишија од слобода А.О. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ, соопшти МВР.

20-годишна девојка во СВР Скопје пријавила дека А.О. побарал од неа 300 евра за да не објави фотографии и видеа со компромитирачки материјал.

На 14.06.2024 таа веќе му дала 150 евра, но уценувањето не престанало и таа го пријавила случајот во СВР Скопје. Од полицијата и биле дадени крим-технички обработени пари и откако А.О. ги земал, бил лишен од слобода.

Од него е одземен и телефонски апарат со кој го извршил кривичното дело и поднесена е кривична пријава по брза постапка.

Би можело да ве интересира

Со ловечка пушка се заканувал во адвокатска канцеларија во Кичево

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски