И Орце Ѓорѓиевски и Данела Арсовска не пријавиле имот

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), констатирала дека 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја испочитувале законската обврска за пријавување имотната состојба.

На листите што ги објави Антикорупциска се и актуелниот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски кој не пријавил имот по завршувањето мандатот во Кисела Вода и изборот за градоначалник на главниот град, како и Данела Арсовска кој исто така не приавила имотна состојба по напуштаето на Град Скопје.

Од ДКСК појаснуваат дека согласно со член 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси сите избрани градоначалници на Локалните избори 2025 година имаат обврска, најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, да поднесат изјава за имотна состојба и интереси. Исто така, согласно со член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, истите имаат обврска да поднесат изјава за имотна состојба.

– ДКСК изврши проверка во регистерот на имотна состојба и интереси и ја констатира следната состојба: 35 лица по престанок на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси и 19 лица по изборот на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси, за кои ќе иницира постапки согласно закон, со издавање прекршочен платен налог, се наведува во соопштението.

ДКСК најаува ќе ја следи состојбата и за сите наведени лица, кои и понатаму нема да ја исполнат законската обврска за доставување изјави, ќе иницира постапки за проверка на нивната имотна состојба и интереси.

Би можело да ве интересира

234 советници во општини кои не поднеле изјава за имотна состојба

ДКСК ќе иницира постапка за користење автобуси на јавно претпријатие за изборно рекламирање на градоначалник

Антикорупциска го усвои извештајот за финансирањето на кампањата за локалните избори 2025 и ја избра Софија Спасова Медарска за заменик-претседателка

Во Антикорупциска има мрежа преку Цвета Ристовска за контрола на предмети за ВМРО-ДПМНЕ, тврди Левица

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Чучуљ: Ќе се залагам за транспарентна работа на ДКСК, ќе бараме интегритет и одговорност од сите институции