• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Хуманитарна забава за 13.роденден на општина Аеродром

by А1он14/04/2018 - 09:32182
Share0

Со хуманитарна забава за граѓаните од сите возрасти, денеска општина Аеродром ќе го одбележи 13-от роденден.

Добивај вести на вибер

Под мотото „Растеме со Аеродром“ во паркот со авион ќе се одржува забавата. Во соработка со Црвениот крст се собираат средства за социјално загрозени семејства на територија на општина Аеродром. Сите кои сакаат да им помогнат на социјално загрозените семејства можат на донираат на жиро-сметката на Црвениот крст на Република Македонија – ‎‎‎‎‎300000000206646 Комерцијална банка или да ги доделат во специјалните кутии за донации на местото на настанот.

Напладне ќе настапат децата од градинките и основните училишта, во присуство на кловнови и магионичар. Децата ќе цртаат за општината, по што ќе биде избран најдобар цртеж. Општината ќе додели и награда за најдобра поетска творба на истата тема. Ќе настапат младински бендови и хип-хоп групи. Основците ќе можат да спортуваат и да се дружат со кошаркарите од МЗТ Скопје. Ќе се додели и награда за најдобар кошаркар.

Здруженија од општина Аеродром што работат со ранливи категории „Лице в лице“, „Солем“, „Во мојот свет“ и „Порака“ ќе ги претставуваат своите производи на повеќе локации во паркот.

Во вечерниот дел, кој ќе трае до полноќ, забавата ќе ја збогатат професионални бендови и изведувачи од Аеродром со концерти на квартетот на Македонската опера и балет, Марко Кума и Црни, Бени со Нон Стоп и Златко Ориѓански и ќе заврши со журка со музика по избор на Драган Б. Костиќ.

aerodrom

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Горан Наумовски08/01/2026 - 14:13

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 13:0921/12/2025 - 19:04

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 10:59

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он25/11/2025 - 19:17

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

Горан Наумовски31/10/2025 - 12:58

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

Горан Наумовски29/10/2025 - 13:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен