• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Хуманитарна забава за 13. роденден на општина Аеродром

by А1он05/04/2018 - 12:4705/04/2018 - 12:48102
Share0

Општина Аеродром следната сабота, 14 април, во паркот „Авион“, под мотото „Растеме со Аеродром“, ќе го одбележи 13. роденден на општината со хуманитарна забава.

Добивај вести на вибер

Настанот ќе почне во 12 часот со настап на децата од детските градинки и основните училишта, а забавата ќе биде збогатена со присуство на кловнови и магионичар. Истовремено, ликовните таленти од основните училишта ќе цртаат по повод роденденот, по што ќе биде избран најдобар цртеж, а Општината ќе додели награда и за најдобра поетска творба на учениците од одделенска настава на истата тема.

Од 15 часот на сцена ќе настапат младински бендови и хипхоп-групи. Во истиот период основците ќе може да се дружат и заедно да спортуваат со кошаркарите од клубот МЗТ Скопје, а најдобриот стрелец во тројка ќе добие награда. Во пресрет на роденденот Општината организира и анкета за избор на најдобар угостителски објект.

Вечерниот и централен настан ќе почне од 19 часот со настап на квартет од МОБ по што градоначалникот Златко Марин ќе додели награди и признаници на учесниците победници на натпреварите. Ќе настапат афирмирани музички групи и солисти од општина Аеродром, а забавата ќе се заокружи со настап на Драган Б. Костиќ.

„Со цел да се поддржи развојот на социјалното претрпиемаштво, во текот на целиот настан невладини организации и здруженија ќе имаат можност да изложуваат производи и да ја претстават својата работа пред јавноста. Дополнително, ќе бидат поставени кутии за донации на повеќе локации, а собраните средства ќе бидат донирани на социјално загрозените семејства на територијата на општина Аеродром, во соработка со Црвениот крст“, се вели во најавата за настанот.

aerodrom

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Горан Наумовски08/01/2026 - 14:13

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 13:0921/12/2025 - 19:04

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 10:59

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он25/11/2025 - 19:17

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

Горан Наумовски31/10/2025 - 12:58

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

Горан Наумовски29/10/2025 - 13:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен