Хуманитарна акција за донација на училишен прибор

Од:

Во Градскиот парк кај Школка денеска ќе се одржи хуманитарен музички хепенинг на кој ќе се донираат училишни прибори кои ќе бидат наменети за деца од социјално загрозени семејства. Хуманитарниот настан е во организација на „Мрдни со прст“, Меѓународниот сојуз ‒ Скопје, Националниот младински сојуз на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

– Во рамките на двочасовната програма, голем број македонски познати личности, меѓу кои Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Биг Мама, диџеј Гоце Саф, Мартија Станојкоиќ, хип-хоп групата Битрикс, кошаркарската легенда Владо Илиевски, Лила Стојановска, Марко Новески и уште многу други, заедно со сите хумани граѓани ќе мрдаат со прст и ќе се обидат барем малку да придонесат за поубаво секојдневие за оние што имаат најголема потреба од тоа, се наведува во соопштението од организацијата „Мрдни со прст“.

Хуманите граѓани, донациите од училишен прибор, односно тетратки, моливи, пенкала, ранци, книги, секаков вид боички и друг училишен материјал, ќе можат да ги достават во комбето на „Мрдни со прст“ што ќе биде во функција на собирен пункт на Школка.

Донациите ќе им бидат дистрибуирани на околу 120 деца од шест основни училишта во Скопје и околината, ученици во ОУ „Сами Фрешери“ во село Глумово, ОУ „Марко Цепенков“ во Зелениково, ОУ „Ѓорг Кастриоти Скендер Бег“ во Арачиново, ПОУ „Златан Сремец“ во Кисела Вода, ОУ „Рајко Жинзифов“ во Драчево, ОУ „Дитурија“ во Сарај и три подрачни основни училишта во селата Крушопек, Грчец и Љубин.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот