Хуманитарен базар „Подајте рака, допрете срце“ ќе се одржи денеска во Сити Мол во Скопје во организација на меѓународната градинка „St. Paul“ и здружението „Во мојот свет“.
Средствата собрани од продажбата на артиклите кои ги изработиле децата од градинката ќе бидат наменети за отворање Дневен центар за деца со аутизам.
На хуманитарниот базар ќе учествуваат компании, познати личности и дипломати.