Хрватите доаѓаат во Македонија по сперма и јајце клетки

Од:

Хрватска нема банка за сперма и јајце клетки за паровии кои сакаат да имаат дете, а им е неопходни клетки од донор и затоа Хрватите патуваат во странство, најчесто ов Македонија пишува хрватскиот Индекс.

Хрватските парови на кои им е потребна ваква помош затоа одат во други земји кои имаат банки, најмногу во Македонија и Чешка, но и во Шпанија, Белгија и Португалија. Тие често трошат мало богатство на вакви патувања и третмани, особено ако Хрватскиот завод за здравствено осигурување (ХЗЗО) не им ги покрива трошоците се вели во текстот.

За Индекс, за патувањето во Макеоднија сведочат Ива и Марко, пар кој деновиве доаѓа во земјава за да ја прдолжи процедурата.

„Двапати спонтано забременив, но и двата пати имав спонтани абортуси, така што ми беше дијагностициран таканаречениот Тарнеров синдром, што е име за делумен или целосен недостаток на еден од двата Х-хромозома“, изјави Ива за Индекс.

„Прво, имаше две процедури за третман на ПГД во Брисел, кои не се достапни во Хрватска, така што во февруари ни беше советувано решение со донирани јајце клетки. Сами си плативме телефонски консултации кои чинат 100 евра, истото беше и со ултразвукот.Досега имаме акумулирано околу 1500 евра дополнителни трошоци.

Деновиве по втор пат одиме во Македонија на оплодување и пренос на донаторски јајце клетки. Се одлучивме за Македонија затоа што само 50% од нашите трошоци би биле покриени во Брисел. Имено, според законите на ЕУ, една членка на Унијата не може да покрие поголем дел од трошоците во друга членка отколку што таа друга земја покрива за нејзините граѓани. Македонија не е во ЕУ, па ХЗЗО може да ја покрие целата сума, објаснува таа.

Би можело да ве интересира

Протести на противниците на законот со кој се дозволува вештачко оплодување за сите жени

А1он

Завршиле в затвор поради криумчарење свинска сперма

А1он

Преку јавно-приватно партнерство, министерството за здравство го враќа ин витрото во јавното здравство

Наум Локоски

ФЗОМ досега додели 10.101 ваучер за ин витро

Ана Ололовска

Зголемен интересот за ин витро – доделен 1200-тиот ваучер за 2016 година за прво дете

Ана Ололовска

Владата ги усвои измените за бесплатно Ин витро за трето и четврто дете

Ана Ололовска