Ховит: За менувањето на имиња на училишта треба поголемо меѓусебно разбирање

Од:

„Менувањето на имињата на училиштата е чувствително прашање и затоа е потребно поголемо меѓусебно разбирање“, смета  известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит во врска со таблите со новите имиња на четири училишта во Чаир.
Тој денеска се сретна со министерот за локална самоуправа, Невзат Бејта.

По средбата со  Бејта и специјалниот преставник на УНДП во Македонија, Диадре Бојд, Ховит рече дека е запознаен со случајот и оцени дека во чувствителен момент ја посетува земјата.

Бејта, пак  изрази разбирање за потегот на градоначалникот на Чаир, кој според негова оценка постапил во согласност со Законот за  децентрализацијата.

Ние денеска зборувавме за децентрализацијата и во склоп на децентрализацијата постапил и градоначникот на Општина Чаир”, рече Бејта.

Најавата од бугарските медиуми дека Ховит ќе се сретне и со членови на Бугарскиот културен клуб за да му се пожалат за наводни притисоци, известувачот се обиде да ја  релативизира, изјавувајќи  дека е отворен за средба со сите што сакаат со него да отворат некое прашања. Но Ховит рече дека  стои зад ставот на еврокомесарот Штефан Филе дека е потребно да продолжи подобрувањето на односите со соседите.
ФОТО:МИА

 

 

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска