Струшкиот хотел Дрим до недела ќе биде затворен. Во хотелот нема да се примаат други гости затоа што во него ќе се одржува светски настан во организација на Еврејската заедница од просторите на поранешна Југославија дознава А1.
Ова денес го потврдија и од раководството на Хотел Дрим, од каде рекоа дека во објкетот се присутни околу 500 гости од еврејските заедници од поранешна Југославија.
Пристапот до хотелот е целосно недостапен, а во кругот на хотелот и во неговата околина има поголемо полициско обезбедување.
Така ќе биде се до недела до кога во Струга ќе бидат присутни гостите. Неофицијално, организаторите на настанот побарале поголема безбедност внатре во хотелот но и надвор од него, а како една од мерките за поголема сигурност била затворање на хотелот за време на одржување на настанот.
Од СВР Охрид за А1 потврдија дека ќе има поголемо полициско присуство но оти сето тоа било во согласност со обврските на полицијата за обезбедување на настани кои се од поголемо значење. Од таму рекоа до нив било упатено барање за обезбедување, но кој го упатил барањето дали хотелот или организаторите на настанот ниту од полицијата ниту од Дрим не кажаа.
Колку полицајци ќе бидат ангажирани од полицијата не дадоа одговор. Ова е прв пат Хотел Дрим да биде комплетно затворен пред се од безбедносни причини.
Инаку неколку години по ред на охридско струшката ривиера едни од најбројните беа гостите од Израел, но веќе две години тие не доаѓаат овде, како што тврдат туристичките работници најмногу од безбедносни причини.
Мики Трајковски