А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ХОТАМ: Задоволувачки крај на туристичката сезона во Струга

by А1он27/08/2014 - 10:41103
Share0

Туристичките капацитети на струшкото крајбрежје се исполнети и крајот на сезоната е задоволувачки, оцени заменик претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески.

Добивај вести на вибер

– Имаше неколку причини зошто јули не беше баш најдобро, но еве крајот на сезоната покажува задоволителни резултати, капацитетите на охридско-струшката ривиера се исполнети. Мислам дека и понатаму вака ќе се продолжи. Ќе ги имаме во предвид очекувањата за следната година, како треба да се подготвиме и кои понуди да ги издадеме, рече Блажески.

Тој посочи дека имаат посебни програми со факултативни излети што им ги нудат на гостите.   – Нудиме тури од еден до 50 гости, кои може да се носат во околината да посетуваат знаменитости, објекти… Имаме планински туризам нудиме ресторани, посебни плажи и други места и предели на Охридското Езеро. На располагање се 50 такви излети, појасни Блажески.

Годинава, како и претходните, најбројни се гостите од Холандија, потоа од Турција, Грција, Србија, Албанија, а во јули добар дел од капацитетите биле исполнети со норвежани.

– Со домашните гости сме на исто ниво како лани, кое не беше задоволително, но сепак се задржува. Мислам дека имаше негативна кампања за Охрид и Струга. Беа објавени цени за кои неможам да тврдам дали се точни или не. Цената е само нешто што треба производот да биде платен. Мислам дека нудиме многу подобри производи и тие цени не се прескапи, нив ги плаќаат странците. Треба да се запрашаме дали истиот квалитет го добиваме во околните земји за платените цени, рече Блажески.

struga

Би можело да ве интересира

Двајца браќа од струшко село повредиле жена која патувала во комбе

Горан Наумовски01/08/2025 - 18:36

Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени и лиценцирани спасители

Горан Наумовски14/07/2025 - 13:16

Починато бебе однесено во струшката болница

Катерина Ѓуровски28/05/2025 - 10:54

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Горан Наумовски04/05/2025 - 15:52

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски04/02/2025 - 14:0504/02/2025 - 14:06

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Катерина Ѓуровски03/02/2025 - 12:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен