Единаесеттемина затруени со чад во пожарот во Кисела Вода во стабилна состојба

Од:

Од Универзитетската клиника за токсикологија информираат дека во моментот, на клиниката, се хоспитализирани 11 пациенти како последица на вчерашниот пожар во скопската населба Кисела Вода.

– Сите пациенти се во стабилна општа состојба. Спроведени се сите дијагностички процедури согласно протоколите за лекување и до добивање резултати од иследувањата, пациентите ќе бидат хоспитализирани. Во најголем дел пациентите имаат потешкотии со дишењето, гушење, кашлање, кивање, и слични симптоми, информира д-р Наташа Симоновска од Клиниката за токсикологија.

Инаку, меѓу хоспитализираните пациенти има 4 пожарникари. Највозрасниот пациент е на 74-годишна возраст, додека најмладиот на 26-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче