Холокаустот низ призмата на детските очи

Од:

Во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија денеска беа доделени наградите од конкурсот „Холокаустот низ призмата на детските очи“ на кој учетвуваа основните училишта од Македонија. Во проектот се вклучени три конкурси – литературен, ликовен и конкурс за дигитална содржина.

Маја Суша, раководител на проектот појасни дека за овој конкурс, кој е дел од одбележувањето на Јом Ашоа „28 Април – Меѓународниот ден на Холокаустот и хероизмот“ добиени се над 80 ликовни и 100 литературни дела, како и 15 филмови.

Првата награда за ликовно дело ја доби Аница Шкријел од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од Скопје. Првата награда за литературно дело ја доби Сара Благојевска од ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ од Младо Нагоричане, а наградата за дигитална содржина ја доби основното училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“ од Скопје.

Директорот на Меморијалниот центар на Холокаустот Горан Садикаријо најави дека во рамки на оваа манифестација, програмата ќе продолжи и утре.

– Од 10 до 12 часот ќе имаме предавања во соработка со Амбасадите на Австрија и Унгарија каде двајца претставници-историчари од тие држави ќе бидат наши гости и ќе зборуваат за холокаустот во нивните држави, истакна Садикаријо.

Би можело да ве интересира

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски

Еврејската заедница ќе го одбележи Јом Хашоа – Националниот комеморативен ден на Израел

Ана Ололовска

Десница: Длабока почит кон македонските Евреи

Ана Ололовска

Поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако по повод 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска