Хојт Ји: Се надеваме дека избори ќе има најдоцна до 2017

Од:

Заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Ји, за Гласот на Америка изјави дека САД и ЕУ ќе продолжат со поддршката за надминување на кризата.

– Веруваме дека инволвираните страни во кризата во Македонија, можат да најдат начин да излезат од неа. Веруваме дека побитно е да се спроведат реформите, да се создадат услови за слободни, фер и кредибилни избори, отколку да се одржат избори по секоја цена. Во соработка со ЕУ и другите партнери на Македонија, ќе вршиме голем притисок, да и помогнеме на Владата и на политичките партии да ги најдат потребните решенија, без оглед дали тоа е како да се повлече аболицијата за официјални лица осомничени за корупција, како да се создаде подобра состојба за медиумите, преку усвојување на закони за медиумски реформи, или тоа да биде преку почитување на работата на СЈО. Сметаме дека во тој процес може да го споделиме нашето искуство, идеи за овие институции и реформи да навремено да функционираат. Се надеваме дека избори ќе има што е можно поскоро, најдоцна до 2017-та, и доколку политичките партии ја завршат својата работа, работата за која и се избрани од граѓаните на Македонија, тогаш ќе ја имаат нашата поддршка – изјави Хојт Ји, заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментото, во изјавата за Гласот на Америка.

Би можело да ве интересира

Русија би можела да остане без банани

А1он

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Војната во Украина ќе предизвика криза со снабдувањето на млеко, предупреди Ковачевски

Орце Костов

Норвешка со 205 милиони евра ќе и помогне на Украина да обезбеди гас за зимата

А1он

Илон Маск: Правете повеќе бебиња за да ја одржиме цивилизацијата

А1он

Светската криза со храна ќе се влошува, луѓето плаќаат повеќе за основните потреби насекаде

А1он