(ВИДЕО) Иванов: САД да помогнат да се овозможи парламентарното мнозинство да го добие мандатот

Од:

Ѓорге Иванов, денеска на средбата со Хојт Брајан Ји, заменик-помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, го осуди секое политичко и физичко насилство и истакна дека единствено преку дијалог мора да се бараат решенија за новонастанатата политичка состојба.

Како што соопшти Кабинетот, Иванов подвлече дека доколку постои вистинско лидерство од претседателите на парламентарните партии, правната и политичката пречка за определување на мандат за состав на влада се надминливи.

Тој, се додава, побара од САД, како стратешки партнери на Република Македонија, да помогнат за пречките да се отстранат и да се овозможи парламентарното мнозинство да го добие мандатот.

– Преседаните со кои се воведува практика, а нелегалното станува легално ги поткопува основните демократски принципи, истакна претседателот Иванов, се наведува во соопштението.

Воедно, како што се посочува, Иванов бара од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека „заедно со коалиционите партнери ќе дојдат и ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека се ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија“.

– Платформата од Тирана не може да биде услов ниту, пак, основа за формирање Влада во Република Македонија, констатираше македонскиот претседател, кој воедно ги повика граѓаните да останат воздржани и трпеливи, затоа што, се посочува, постојат решенија кои треба да се донесат со разум и преку дијалог.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито