Хоџа: Владата не се откажува од итниот хеликоптерски тим за пребарување и спасување

Од:

По завршување на пандемијата со Ковид-19 Владата повторно ќе распише јавен оглас за воспоставување на хеликоптерски итен медицински систем, зашто првичниот договор поради долгото траење на пандемијата не беше возможно да се спроведува и беше раскинат, најави денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа.

-Договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за формирање на современа модерна организациска платформа како ефикасен носител на хеликоптерски итен медицински систем во Република Северна Македонија и хеликоптерски услуги за пребарување и спасување е раскинат со одлука на 26-та седница на Владата. Спроведувањето на договорот, којшто налагаше обврски од двете страни – државата и операторот, не беше возможно поради долгото траење на пандемијата и затоа е раскинат, рече Хоџа во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Владата, како што рече, нема да се откаже од проектот и по завршување на кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД -19 ќе биде распишан нов оглас, а јавноста ќе биде информирана штом ќе биде донесена одлука за распишување на повикот.

Нагласи дека човечкиот живот нема цена, а кога станува збор за спасување човечки живот секој треба да го даде максимумот, а не да се оградува од одговорност.

Во врска со овчарот од кратовско кој пет часа беше носен на носилка поради неможноста да се најде возило за негов транспорт од непристапниот терен, рече дека од Кабинетот на вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски веќе се испратени дописи и се побарани детални извештаи за случајот од градоначалникот на Општина Кратово, од Центарот за управување со кризи и од МВР.

-За трагичниот настан од ЦУК и од МВР е побарано да се спроведе внатрешна контрола за проверување на надлежните службеници за случајот. Интенцијата е расчистување на случајот, итно лоцирање на одговорноста и соодветни мерки, рече Хоџа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски