Хоџа: Вицепремиерот Лика доаѓа на работа, прераспределбата на вработените по Рамковен во тек

Од:

Сите членови на Владата, вклучително и вицепремиерот Хазби Лика, ги реализираат своите обврски и задачи предвидени со законските прописи велат од Владата како одговор на одредени информации дека вицепремиерот не доаѓа на работа лут на лидерот на ДУИ Али Ахмети затоа што не го поддржал во внатрепартиската битка.

– Вицепремиерот Хазби Лика доаѓа на работа и секојдневно ги извршува своите обврски, рече на денешната прес-конференција владиниот портпарол Мухамед Хоџа одговарајќи на новинарско прашање.

Со оглед на тоа дека вицепремиерот Лика го раководи Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, Хоџа појасни дека без проблеми се одвива и постапката за прераспределба на вработените кои не одеа на работа.

Според информациите од Секретаријатот, додаде Хоџа, тие наскоро треба да излезат со податоци колку од нив потпишале договори за распределба во државните институции и колку се во фаза на потпишување. Најави дека се подготвува и втор план за распределба и на втората група од околу 700 вработени.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски, пак, додаде дека оваа Влада ги исполнува обврските и не ги заборава на проблемите.

-Имајте малку повеќе трпение за прераспределбата на административците вработени по Рамковниот договор, бидејќи проблемот е децениски и не е едноставно целиот процес да заврши за еден месец. Се работи за голем број луѓе и повеќе институции кои се вклучени. Ние овој проблем го решаваме и ќе го решиме и тој не е во корелација со тоа кој колку е присутен на работа или не е. Ова е процес зад кој стои Владата и ќе биде завршен до крај, рече Бошњаковски.

Согласно првиот план, чија реализација е во тек, на работни места треба да се распоредат 958 вработени кои не одеа на работа.

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи