Хоџа: Предложените за претседател и членови на РКЕ се избрани на јавен оглас

Од:

Предложените лица од Владата за претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се избрани преку јавен оглас, информира денеска владиниот порптпарол Мухамед Хоџа.

– На огласот што траеше од 8 до 14 јуни вкупно аплицираа 13 лица. Изборот, согласно законски утврдените критериуми, го направи Комисијата за именување во рамки на Владата, рече Хоџа во одговор на прашање на прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека претседател на Кадровската владина комисија е вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а членови се вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, вицеремиерот Хазби Лика, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Владината комисија ги предложи Марко Бислимовски за претседател, а Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани за членови на Регулаторната комисија за енергетика.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски