Хелсиншки: Застрашувачки преседан, се урива Уставниот поредок

Од:

Хелсиншкиот комитет излезе со став за вчерашнитеслучувања во Собранието. Сликата што неговите претставници ја виделе во собраниската сала при насилството врз опозициските пратеници била згрозувачка.

„По информација од медиумите дека во собраниската сала се случува насилство врз пратеници од опозицијата, претставниците на Комитетот влегоа во Собранието и беа сведоци на видно вознемирени, расплакани и со искината облека пратеници, од кои еден беше во бесознание, а неколку пратенички беа изнесувани со цел да им се укаже медицинска помош“, стои во реакцијата.

За Хелсиншкиот комитет спорна е и интервенцијата на специјалните полициски единици.

„Комитетот укажува дека согласно Деловникот за работа на Собранието, претседателот на Собранието заради одржување на редот може да даде наредба за отстранување на еден пратеник, но не и на цели пратенички групи. Ова дотолку повеќе што во случај да не може да се одржи редот во собраниската сала најпрвин тој треба да даде две усни опомени, а доколку и тоа не придонесе до воспоставување на редот, да одреди краток прекин на седницата“,с тоиво соопштението.

Комитетот остро го осудува и фактот дека на новинарите не им беше овозможено да ја следат седницата.

Во соопштението се вели дека претставници на комитетот се упатиле во галеријата за да да ја набљудуваат пленарната седница, што не им било дозволено, исто како и на акредитираните новинари кои уредно го пријавиле своето присуство.

„Комитетот со загриженост констатира дека со ваквите дејствија се врши удар на уставниот поредок на Република Македонија а случувањата преставуваат досега невиден застрашувачки преседан спротивен на основните принципи на правната држава и владеењето на правото. Особено загрижува фактот што пратениците од опозицијата изјавија дека биле насилно отстранети од собраниската сала од страна на припадници на специјални полициски единици“, се вели во соопштението.

Хелсиншкиот комитет потенцира дека поседува фото и видео материјали од настаните кои на јавноста ќе и бидат презентирани во вид на посебен извештај.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов